реваншизам (м.)
По доцниот пад на сталинската диктатура и стремежот во еден здив да се фати ритмот на новото време, по катарзата на внатрешните пресметки и реваншизмот, по отворањето на половина век затворената земја, овде како никогаш се беше забрзала историјата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Па така, во знак на реваншизам, Ѓорѓиевски е прераспределен на нова, понеповолна, работна позиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Откако нејзе, во мај 2009, предвремено и завршува директорската функција поради промени во политичките констелации на тогаш владејачката коалиција – од која е разрешена со владино Решение бр. 33-2908/1, нормално, таа очекува да го добие „старото“ работно место што го имаше пред назначувањето на оваа позиција, иако потсвесно насетуваше дека, во знак на реваншизам, може да не ѝ се додели токму тоа место – но, сепак, во најмала рака да добие работно место како правник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но поради фактот што обајцата беа родени во времето на оваа империја, и годините на детството и младоста ги поминаа во времето на Империјата, како сведоци на нејзиниот крај, не можеа да не дејствуваат во борбите да не превладее реваншизмот и да не започне војна против сите вредности, меѓу кои, не малку од нив беа влеани во нивните архетипови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)