расчеречи (св.)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се собра сето село со секири и вили да го расчеречи, но Делин викаше кон луѓето и не ги оставаше да се доближат до него. Постави и стражар да го чува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Трет од Јаковиот род, Никанор Набожник, самоповикан псалтик, таен учител, неграмотник во лита мантија, всушност пребојадисана дервишка антерија, со секира му исекол рака на некој Черкез, џамбаз и измамник, и избегал на планина, таму по еден Божик да го расчеречат во свадбарски занес прегладнети волци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па ѝ ги пуштам лавовите да ги научат трикчињата, пред да ја расчеречат, во жолтото мое собуле, во сништата мои пожолтени.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Сигурно има здивеано некаде в планина, со волците побратимлак има фатено ако не го расчеречиле тие наместо јас да му ја здробам главата... ...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Расчеречена од случките што ѝ се случуваа во изминатиот месец, постојано размислуваше како на Томо да му ги соопшти големите новости.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од нежност, како во постела од рози, ќе бидеш послана како најнежен трендафил... а тој само ќе те милува со поглед, до таму што ќе те расчеречи божем си печена кокошка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)