растрчува несв.

растрчува (несв.)

ДАРА: Забога, ќемо умртвимо човека. (Дури таја растрчуе, Пијаниот почина спокојно и длабоко да си грчи).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Се шуткаше со тоа чувство во себе, како да растрчуваше наоколу со него, голорак, сеќаваше како се поти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако тој не растрчуваше повеќе, иако не ги прогонеше со препрашувањата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се растрчува низ дворот и колне ли колне.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се втурнаа во општината и зафатија да се растрчуваат низ неа: распослаа по одаите сламишта и ќебиња, наместија во дворот казани за готвење и ја заградија чешмата со лонци и котли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бандо растрчуваше низ куќата и викаше по тапанџиите: „Удретее, нека чујат сите, нека чуе Профим, сето село: тој што купил камила, и вратата ќе си ја поткрене“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Почнаа да се редат несреќите, зборуваа луѓето и растрчуваа по сокаците. Врвеа и под чардакот на Полин.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Идат некои доктури, растрчуваат, ги бележат војниците и ги одделуваат. Ги лачат ко овци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Околу нас народот растрчува надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас одам кај Уља и се чудиме со народот што растрчува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само ќе растрчуваат низ реката, подгазувајќи ги јаболката. Обичаи...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Околу нас растрчува војска и полиција, сето обезбедување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Китан развеселен уште повеќе што полковниците му направија чест, растрчуваше и постојано им туриваше пијалок во чашите. И пукаше со пиштолот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бабата Депа растрчуваше од една породилка до друга и никого не пушташе да влезе внатре кај породилките, ниту им кажуваше која кога ќе се породи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќето играчки, така живи, или само навиени, растрчуваат, се растрчуваат трупатурно, стрмоглавечки, молејќи го белобрадиот дојденик со тажни гласови и со навирени очи: - Земи ме, земи ме!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бугарските полицајци се растрчуваат. Викаат по некого. Жена му го погледнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе