растителен (прид.)
Порано, кога немаше хемиски средства за заштита на растенијата од гасеници, растителни вошки и ред други штетници, птиците беа најважните чистачи на природата.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Организирана хронолошки, изложбата почнува и завршува со варијации на растителни форми, мотив кон кој Бојс репетитивно се навраќал.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сите тие спорни територии се богати со скапоцени руди, а некои од нив имаат и важни растителни производи, како што е гумата, која во климатски постудените делови се добива по синтетички пат и со релативно скапи методи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Всушност, јас мислам депонијата Дрисла, да речам попрецизно санитарната депонија Дрисла, онаа што е уште во пробна работа - нели? - не можела за толку кусо време да го уништи животинскиот и растителниот свет во реката, да речам рипчиња, ракчиња или што било во реката“, коментираше Ивана, цапајќи низ плитката вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)