распореден прид.

распореден (прид.)

Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и летаат секогаш подалеку од оние осумнаесет сребрени шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Децата трчаат наваму, натаму, давајќи му поголема веселост и раздвиженост на овој собир, жените одат една до друга, си разменуваат парчиња погачи, сирење, варено жито, а мажите, распоредени по маали, седат на зелената трева во големи кругови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Аха, — си пробрбори Толе и го прати Ќосото да ги собере другарите од конаците, што беа по двајца распоредени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се стемнува - тоа го знам зашто низ неколкуте симетрично распоредени прозорци помеѓу драпериите навлегуваат монструозни лилјаци и шандани со запалени свеќи од бел восок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Жените го следеле распоредени во жива поткова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Натан ‘Лардес’ Ливајн, специјалец, беше распореден во истиот баталјон, истата чета, истиот кревет, веќе тринаесет, накај четиринаесет месеци.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Собите кај него беа распоредени доста далеку една од друга.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Однесувањето на Фјодоровата мачка, славниот пример, со нејзините очекувања на храна и соодветниот избор на место кадешто ќе се склопчи, според ова гледиште, не би можело адекватно да се објасни без да ѝ се припишат, и тоа на не-тривијален начин, состојби како што е имањето претстава за тоа како нештата се распоредени во нејзината околина, и според тоа, извесни верувања и желби со определена содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мртви, превртени, со три пара нозе деликатно распоредени и срамежливо прекрстени врз стомакот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, за време на животот ние не знаеме кој е тој конец вистински, оти има многу, оти преѓата е клопче, а ткаенината – клопче со ум распоредено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога се враќаше од зградата каде што се наоѓала Воената гимназија во која учеле Ататурк и Фетхи-беј Окијар, Татко ги забележа полициските сили, распоредени околу вакафот и џамијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка се беше подготвила пред заминувањето. Беа распоредени сите снаи, ќерката, синовите, да не го оста­ваат сам Татко кој, тогаш, поради шеќерната болест, беше под строг инсулински и диететски режим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Делуваше мошне авторитативно, но од него зрачеше доверлива срдечност, беше директен, јасен и транспарентен, совршен дел на големата американска дипломатска машинерија вешто и ефикасно распоредена на целата планета.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заедно се вративме во Грамос и бевме распоредени во истиот вод.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Согласно ЗИПДНД (1992), правното лице што врши дејност распоредена во дејностите: производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност регистрирано како претпријатие, може да ги исплатува нето платите за месец април 1992 година најмногу во висина на просечно исплатената нето плата по работник во месец март 1992 година зголемена за 25% (чл. 4, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Второто дополнување предвиде правното лице што врши дејност распоредена во гранките производство на нафтени деривати, воздушен сообраќај, ПТТ услуги, надворешна трговија, трговија на мало со нафтени деривати, трговија на големо со нафтени деривати, туристичко посредување, банкарство и осигурување на имоти и лица и правното лице што врши дејност распоредена во областите од 12 до 14 (согласно тогашната национална класификација на дејностите), освен правното лице кое е регистрирано како претпријатие, платите за јули 1992 година и натаму да ги исплатува во висина на исплатената просечна месечна плата по работник утврдена согласно овој закон и усогласена со стапката на порастот на платите во стопанството за мај 1992 година во однос на просечната плата остварена во стопанството за март 1992 година и зголемена за 50% (чл. 3, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. Распоредување работник Со ЗРО (2005) беше избришана поранешната појаснувачка одредба којашто велеше дека работник кој, и без негова согласност, привремено – значи не подолго од 60 дена, бил распореден на работно место за кое се бара понизок степен на стручна подготовка поради „исклучителни околности“ – има право на личен доход што би го остварил кога би ја вршел својата работа, доколку тоа е поповолно за него (чл. 10 од ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога слегна правта, дојденецот низ прозорчето го виде народот пред својата куќарка, зинато насобран и очекувачки распореден во вид на полумесечина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Повеќе