расположи (св.)
Човек си се расположил, си легнал да спие, а вие сте се се растропале, божем!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Толку се расположија што Ариф опна и 3—4 пушки во знак на победата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Знаеше дека ќе се згрее во станот на Џив и дека ќе се расположи.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во шумата го заплиска чист планински воздух, го освежи и го расположи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Велат дека како татко ве имале, месје, - преведе. Тоа ги расположи сите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Расположено по страните на длабоките кањони на реката Јантра, по бреговите распослани на острите северни падини на Стара Планина, Трново не дозволува да се изнајде точка од каде што ќе се зајазило Трново, делумно и скржаво ги откриваат неговите необични убавини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овој град е расположен на височинките на обата брега на реката, низ кој постојано се влечат шлепови натоварени со стока.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Малку се расположив кога мајка ми ме одведе на сладолед.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Старите толку се расположија што и на срамни песни ја свртеа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Добро, се разбравме некако за таа работа и меѓувремено порачавме по една ракија, Баџата се расположи, а Сврделот го сврте разговорот на Информбирото што мене ме сепна, ама Баџата веќе се излана.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
АНДРЕЈА: Ајде бре Димитрија, бре, расположи се малку.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ДИМИТРИЈА: Ќе се расположи Димитрија во гроб.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ако работеше во ова бифе неговата секретарка Јованка, трудејќи се да го расположи, сигурно веќе ќе го прашаше со што би можела да го послужи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Сонував дека по една тешка војна сум се расположил токму на оној чардак над каминот; изгледа бев именуван за некаков војсководач или болјарин, а турските паши доаѓаа, ми се поклонуваа и ме трупаа со скапоцени подароци“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Анастасија речиси беше сигурна дека Радуле во желбата да ја расположи несреќната Стојна веројатно ѝ објаснуваше дека не треба да се срами бидејќи оние од горните прозорци се страдни да зафатат барем со малиот прст од густиот маџун на задоволствата што ги уживаат тие двајцата!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Само што се расположивме, некој заѕвони на врата. Излагам да отворам и оп изненаџење.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)