располови (св.)
Олово, железо, сине, теб живот ти скина, Турчин махна, Турчин удри, тебе располови.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Друг изм'кна јатаган'т, глава располови, тил и теме, и чело му на две половини.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Секирата во неговите раце можела и планина да располови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се вршеа пресметувања, беше измерувана температурата, срцето беше исечено на седумнаесет делови, црниот дроб и бубрезите беа располовени.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Спроти џамлакот стоеше платното што го сликаше на ногалки од школска табла, а под неа кантички со бои, шперплоча како располовена крушковидна тиква за мешање на боите, шише терпентин и ќупче четки во различни големини и уште едно ќупче шпахли, исто во различни големини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се присети и на онаа приказна од светите книги во која судијата ќе пресуди детето (за кое секоја од двете мајки тврдеше дека е нејзино) да биде располовено на еднакви делови бидејќи немал доволно аргументи која е вистинската мајка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)