распнува (несв.)
Преѓата крваво распнуваше врели нишки во петте болни прсти, темната дамка врз превивката стануваше поширока.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Оние платна веќе нема да ги распнувате! - рече дедо Димо. - Ќе уредиме спиење во плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Постојано прашува како тоа Богородица ништо не направила кога ѝ го распнувале синот. (Пауза) Не презирајте ме. Искрен сум.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Наместо на морските и езерските плажи во знак на протест Распнуваат шатори пред зградата на парламентот И наместо да им раскажуваат бајки на внуците Севезден се допрашуваат баш така ли се калеше челикот А меѓу нив има и такви кои во навлажнетите подшаторски соништа
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)