распише (св.)
Распишаа местен самопридонес, собираат пари од преостанатите и од поранешните жители на Потковицата, со надеж дека можеби ќе им појде одрака да го вратат животот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Знаеш ли дека уште денес ќе распишат потерница за тебе?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зошто толку ја растегна приказната? Си се распишал како да е книжевно списание.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не го сторив тоа ни оној ден кога свесно одбив да бидам „унапреден“ во доделувач на пофалници и на други одличија со кои ќе требаше да им ги украсувам градите на оние поединци од стадото кои ќе прифатеа дека единката нема потреба да размислува за појавите и настаните за кои Партијата има одамна веќе стокмено одговори и распишала рецепти и правила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се распиша конкурс на сите факултети семкари и овчари станаа студенти соблекоа волна, облекоа одело се штанцаат дипломи во секое село О Тешкото...
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Веќе се распишани и награди за оние кои на брмчалата ќе им го откријат патот до полјаната каде што ќе се случи двобојот меѓу Давид и Голијат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)