распарча (св.)
Од друга страна самиот Мајаковски се противставува: „Без рима стиховите би се распарчале“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Раѓањето на кубизмот кој ја распарчи ренесансната слика - прозорец во илјадници стакленца од односни сетилни реалности - се случи практично истовремено со Einstein-овата формулација E=MS2 од 1905 година.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Јас сум вдовицата која над челадта свои бдее, па ни коп ме плаши ни болка од кобта, ни пустински ѕвер...та и тој ако ме проголта, жива ќе излезам од него, ке го распарчам одвнатре, децата да си ги спасам...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И птиците не се делат од своето јато Кога газиш, погледни , ќе се осакатиш од тло со трње животот е полн со веројатности Остануваш, ко изгубено кутре сред густа шума Лавови бездушни ќе те распарчат и нема да пуштеш ни солза...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)