раскрива (несв.)
Под стреата на некоја дрвена барака, легнат среде повеќе безработни, од различни места раскриваше неискажлива тага...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Оваа желба раскрива сега за трубачот многу поголемо и позначајно отколку што е простата едноставна вистина на професијата: задоволи го гостинот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Суштествата не се раскриваат зад границите на самите себе, едноставно, се чини тие едвај ја дочекаа оваа нова перспектива за да го заземат своето вистинско место.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Одбојноста ја раскриваше тајната, непризнаената привлечност, а несигурноста и стравот најмалку беа знаци на фрленост во нешто непознато и туѓо.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)