раскрене (св.)
Наместо да ги раскрене и да го измие таа им ги принесува чиниите на мачките и кучето, им ги поставува долу на плочките и тие ги лижат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Нека ја раскрене еднаш и тој, зошто секогаш јас?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Реков дека ќе ги раскренам садовите и дека треба да ги измијам за утре да го почнам денот со чист прибор. Тоа со садовите траеше кратко.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Кога уште некое време некој ќе го спомнеше, тој не велеше го прости Господ Илета Вегов, туку велеа - „Забара, којзнае што му се случи на Брчалото, како в земја да пропадна, а можеби и волци-врани го раскренаа...“ ***
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)