раскрвавува (несв.)
Трчав како луд, се судрував со ѕидовите, се раскрвавував и не можев да ги најдам басамаците. Господи...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И непцата им се раскрвавуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зборовите како да им ги раскрвавувале испуканите усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Удира... ѝ се раскрварува косата... Вреска!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Додека небото се раскрвавува во самракот и ветерот го зема својот прв здив во зората ќе го завртам клучот од бравата два пати, ќе ја задушам болката, достоинствено ќе си ја понесам тагата и ќе побрзам да го фатам последниот воз кон далечниот хоризонт каде со таква леснотија одново и одново се раѓа новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)