раскинат (прид.)
Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Блеснува на студенилото рибата в клунот раскината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Капнати од умор, раскинати, закрвавени луѓето се натркалаа да спијат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Најпровокативен во оваа глава е поднасловот “постмодерната ситуација на идеологијата”, особено уште претходно најавената теза, дека “ во еден постмодерен, ‘раскинат’ свет со сѐ поголемо забрзување, има помалку шанси за остварувањето на идеологијата”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ветриштата, некогаш млади и диви, старееја и се смируваа, а облаците на небото, раскинати и расфрлани, беа оставени самите да скитаат низ празната белина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Имаше раскината фанела на градите и целиот беше поцрнет од муви и други гадинки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)