расејува (несв.)
Сега дури и му се стори како да ја гледа онаа постојана врвца пилотина како фискија од двете страни на забиеноста на челичната плоча во дрвото, како се спуштаат тие бели сиџими по подот и како се расејуваат по целата просторија, што подигрува под ритамот на бичењето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од горе, од планината, поддувнува ветрец. Нежно затреперуваат лисјето и шумолење расејува шумата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)