расветли (св.)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Така, на пример, дистинкцијата помеѓу збор за збор и смисла за смисла преведувањето, која е поставена уште од времето на Римското владеење, остана да биде главна точка за дискусии помалку или повеќе сѐ до денес, додека релацијата помеѓу преведувањето и појавата на национализмот допринесе да се расветли значајноста на разликувањето на културните концепти.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Токму затоа поимот на техниката никогаш нема едноставно да го расветли поимот на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако не почнеше Војната полицијата ќе го расветлеше случајот. Ќе го казнеше злосторникот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Идните денови требаше да ја расветлат тајната...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Додека Боге и Кате, затечени во ново сознание кое пред да ги расветли ги заслепи, само се погледнуваа и молчеа, Маре се преташе во прашањата сама што си ги поставуваше како стапица: - Значи, си им бил џандар. - Ако сакаш, и така речи го.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Роднината Леонора, токму нему можела да му расветли уште многу поединости.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јас верувам дека и твојата потрага по психологијата на детето, поддржана од силни европски авторитети, ќе ни помогне да ја расветлиме мистеријата се надоврза Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако може, мислев, да се проникне во тој општествен код и ако може успешно да се зафатат тие прашања, исходните пронигби би расветлиле многу аспекти на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целта на таквото истражување беше да се расветлат природата и обликувањето на субјективитетот на геј- мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)