расадник м.

расадник (м.)

Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
2. Генерално, не бевме бог знае каков расадник за фудбалски кадри.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Македонија е расадник од умови. Земјата со најголем број „интелектуалци” на километар квадратен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Со господинот Тихомир од Машкото друштво „Осамени срца“ Азра се запозна пред три месеци на една журка што ја организираше оваа асоцијација во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)