рамнодушно прил.
рамнодушност ж.

рамнодушно (прил.)

А ако не може да се добие автономија, треба ли ние рамнодушно да гледаме на работењето на пропагандите и да се бориме со едно ново течење што е насочено само против нив само затоа што тоа течење ќе ја ослабело најсилната пропаганда?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каравлашко не може рамнодушно да гледа на засилувањето на Бугарија со давањето автономна управа на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако помисли малку, рамнодушно сви раменици: – Добро оди си ... – А ти ќе останеш ли? – Јас ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Баждар рамнодушно ги собра рамениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дланката ми се потеше. Божидар рамнодушно го позеде баждарот со црните прсти и го прецени со студен поглед.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дал' и она, би сакал да знам, рамнодушно мене ќе ме мине? О не, нема!..
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сивосиното око на кловнот се полни со влага. Од тоа другото станува безизразно, тапо, нечовечки рамнодушно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето рамнодушно ги гледаат двајцата кловнови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тромаво, слепо коњче рамнодушно ја влече преку улицата својата судбина - стара кола, призрачна и немила како и секој затвор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Везисти? “ праша не знаејќи дали и порано неговиот глас звучел така рамнодушно. „Не сме везисти?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само големиот часовник на ѕидот од кујната рамнодушно го клатеше своето клатно лево-десно и чукаше: тика-така, тика-така...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога ја подадов главата од отворот на шаторот за да го видам непознатиот човек, татко ми на неговото прашање рамнодушно ги крена рамењата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Сакаш да дојдеш со мене? - праша, божем рамнодушно, а знае каква радост ќе предизвика кај мене со таквиот предлог.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја видов само со една брчка над левата веѓа и рамнодушно го слушав колнењето на Самарија дека веќе не ќе застанам на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лесата носилка на водата рамнодушно го носеше кон селото.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ја дигна главата, и од полутемнината, под црвеникавата, трепетлива заобленост на Месечината, рамнодушно ме гледаше, продолжувајќи да мрмори.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Усвитената зеница на синото небесно око рамнодушно се вргалеше во пустелијата на која бев.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Актерот рамнодушно го гледаше, директорот со израз на клише и се проѕеваше, а режисерот нешто повторно запишуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе