рало ср.

рало (ср.)

Ораме со рало но земјата ни златна колку е богата!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
— Море, сто рала гаќи да носат такви како Крстета Попов, окото не ми трепнуа, ќе и согаза како нишчо! — се фали Неда и се мисли: — „Оти волку и сакам, и неќу за него да се прикажуа?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе купе ли он некое рало, или ќе и киниш ти за твој есап?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илкови калци и чорапи имаше за потплетување десетинадваесет рала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зашто знаеше дека мајка ѝ оди да ја извади онаа петолирка од ралото шарени зетовски чорапи на татка ѝ што тој ја прати како аманет од Влашко пред да издивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сакал куќа да закуќи, со рало да заора – но попусто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ми даде едно рало опинци, шеќер и многу убаво ме пречека.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Можеби ако се качеше на малото чардаче пред плевната и ако ѕиркаше кон коријата, ќе видеше нешто, ќе видеше десетина рала вжарени очи, но сепак, среќа негова што го фати страв, па не се решаваше да се оддалечи, среќа негова што не ги виде, инаку можеше сосем да му се потчини на стравот, па да изгуби моќ, за здраво размислување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И наместо кривото рало, српот, косата и вилата, Толе го фати арамискиот занает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Воловите ја преживаа утринската царевковина, бидејќи тие ненајадени не можеа да ги тргаат ралата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Орачите навалија лакомо да јадат и цели корки, голтаа, бидејќи и сношти беа без леб, та од вчера како каснаа, немаше сношти што да вечераат, ни да појадат сабајлево, а ете веќе 78 саати како ги тресат ралата и како запињаат гладни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе дуваат тие црвени ветрови, ќе шептат ѕвездите, сè дури не ги расковете своите мечови во рала И копјата свои во српови
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ЗАПИС НА ЦРВЕНИТЕ ВЕТРОВИ „Ќе ги расковат мечовите свои во рала и копјата свои во српови“ (Книга на пророк Исаије)
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И така, откако му се изгуби поштивијата работевме во манастирот колку за лебот и за по едно рало опинци што ги чувавме за зимата. 18
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И никој не овчи кола, никој не расточува за да ја натовари со греди, со платици, со плужици, со литри, со страки, со рала, со плетени кошови за Полјаните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Обете, обуени со едно рало чевли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Да ти ја пресечеа и тебе ногата, ми вели, ќе можевме да одиме со едно рало чевли.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тоа време Европа, ако знае дека се поминати шест или седум години откако Американецот Јозеф Хенри ги создал електромагнетите со голема сила (електричен мотор!), не знае дека во еден дел на Македонија мажите се впрегнуваат во рала и во двоколки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште од дете правел крлуци, кавалчиња и вургити, а подоцна бил мајстор не само за јарем и рало туку и за секаква покуќнина: лажици, софри, ноќви, соларници, лајчарници и секакви други работи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе