ракописен (прид.)
Од светлосната топлина на ламбата, меѓу печатените букви се покажаа други ракописни букви.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Затоа претставуваме само неколку категории и описи пошироко признати, користејќи се со примери од европската ракописна традиција.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ракописно писмо Сите главни семејства на системите на пишување (европски, семитски, источноазиски) имаат сопствена сложена историја на ракописните стилови.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И додека така одеше кон другите џамии, продолжи да размислува за својата ракописна Атлантида.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
По откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХV-ХIХ век), тој се најде пред вистинска ракописна Атлантида на исчезнатото османско време на еден од значајните делови на Балканот, со што патот на судбината беше одреден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)