разобличи св.

разобличи (св.)

Најдоброто што можат да го сторат е потполно да ја разобличат својата околина пред да бидат уништени во атомската војна.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Тоа е тој“, со тага си помисли Миша и суво одговори: - Троцки беше разобличен долго време пред да се родам, а реакционерното учење на Маркузе ние не го поминавме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дали се работеше за заговор да се умртви душата на народот, односно разобличи неговиот идентитет, од некоја друга над Централа, на која слепо и немо му беше подредена овдешната под Централа, која сега по излегувањето од прегратката „на големиот брат”, се гушеше од самата себе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Твојот џез ти го одзел дури и патријархалниот морал, те разобличил; ти не знаеш што говориш“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Непроспиената ноќ уште повеќе ѝ го разобличи лицето. Подочниците беа клапнале на образите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)