размисли св.
размисла ж.

размисли (св.)

Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја размислил работата и една вечер, редницата ја тргнала софрата по вечерата, а тој го извадил ќесето со тутун, го наполнил лулето и му го подал и на синот: „Нà, запали“ – му рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
-Секогаш сум се плашел од случајности. Сѐ е пресметано, до тенкости проучено и, наеднаш, стоп. Слушај, Арсо, за сега не. Да појдеме горе и да размислиме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Размислете, другари, сѐ уште не е доцна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Размисли малку за ова... Размисли и за твоите постапки и однесувања со другите деца во одделението.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му текна нешто и рече: - Те молам, старче, почекај ме малку, а јас ќе прошетам низ градината, да размислам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малинка остана сама да си ја смири лутината и да размисли зошто девојчињата не сакаат да си играат со неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ќе размислам, - вели. И отиде да размислува како поубаво и како еднакво да ги сака сите луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Туку, друго да те прашаме, - рече Србин не давајќи му да размисли за разговорот што го водеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
18. Мулазимот го извести пашата, мудурот го извести кајмакамот и пак се собраа двајца големци да размислат како да го уништат овој царски непријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И основно е: пред секоја работа пред секоја постапка првин добро, добро да се размисли. Среќно, добри мои! ***
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Какво задоволство може да ви причини убивањето, одземањето на сосем невини животи? Размислете!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И сериозно да размислиме за нашето време што не ни проштева кога го губиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И додека Боше и брат му Атанас Цицко ги нажапчуваат капаците, откако пред тоа првин ги отвораат, а потоа и ги затвораат џамовите, (за тоа малку време во одајата шибнува студен воздух и за час го растерува чадот од цигарите и мирисот во восокот на свеќите) тој намерно зборува полека, намерно развлекувајќи ги речениците, за да остане помеѓу зборовите празнина во којашто, се надева, другите ќе имаат време да се досетат за што зборува и да размислат за тоа што зборува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И никаде толку жив залез, толку многу исполнет со противречни чувства, спомени и размисли.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И после, кога се размислив што можеше да стане, цела ноќ да се превртувам и да си ја тепам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кметот влезе во готвалната, ја викна Цара во претсобјето и ја праша насмевнато: - Размисли ли?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како, бе, порано не размисливме?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во неговите чести размисли доаѓаше до заклучокот оти Балканот најчесто страдал од примената на погрешните „идеи“, но бил и жртва на наметнатите „идеи“ од другите, помоќните завојувачи, империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе