разлие (св.)
Чита некоја книга чијшто наслов Милчо не може да го види затоа што ја држи книгата свиткана во една рака за да може сладоледот да го држи во другата рака, и сè така лижнува: подиставајќи го јазикот и вовлекувајќи го во устата; задлабена во книгата, сè тоа несвесно ги чини; ако ѝ капне сладоледот на раката, таа и раката ја лизнува; ако ѝ капне на голите колена, таа и нив ги лизнува не оставајќи капката да ѝ се разлие.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Една игла се зари во надлактицата на Винстон. Речиси во истиот момент блажена, лековита топлина му се разли низ целото тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еднаш, вознемирен, јас ја покажав немоќта да напишам состав на француски јазик и, од очај, на празната хартија, ми се разлија неколку солзи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)