разлабавен (прид.)

Арсо се оптегна, и, потпирајќи се на рапавината од ѕидот, се исправи, си ја затегна разлабавената врска на вратот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Посебно ми беше смешно кога татко ми го извади апаратот и во таквата како божем семејна атмосфера со полуавтоматскиот апарат облепен со селотејп на разлабавената поклопка за батерии, со тој апарат отчука две фотки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Младич облечен ко даночен советник во Baker& McKenzie, со разлабавена кравата и отпетлана кошула, се загледува преку стаклото во нас и почнува возбудено да гестикулира.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)