разиграност (ж.)
Беше тоа една чудесна игра и сѐ повеќе се доближуваше со неа она парче живот ѝ се радуваше на убавата ноќ, враќајќи ѝ ги на нејзината белина сите изгубени одблесоци, носејќи на местото на очајот една лесноумна весела разиграност, чиниш со некоја желба да помине со својот разигран заборав над крвавите траги.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Надменоста и разиграноста, помодното шарлатанство и дрското однесување би морале да се надминат со постојаното и внимателно конфронтирање со класиката, не, значи, со класицистичкото.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Блиску до интересот на поетесата Олга Наумовска мотиви од цврстата љубов кон татковината, мотиви од вестените интимни победи на срцето, блиско ѕиркање во структурираните поетски форми од типот на хаику песни, но и детската разиграност исполнета со блага ненаметлива рима и изрази кои соодветствуваат со совремието во кое живееме.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)