разжалости (св.)
Многу го разжалости решението на Нешка да го напушти училиштето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И уште повеќе се ражалостило зашто разбрало дека не ќе има со што да си ја брише устата и мустаките. И жално, прежално заплакало.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Понекогаш, тие денови сакав да ја прашам Марина зошто не остана да живее кај татко ѝ и кај маќеата, но се плашев да не ја разжалостам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И тоа уште повеќе ме разжалости.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)