разжали (св.)
- Палјачово не ја разжали сенката, - рече Карамба-Барамба чувствувајќи дека тој палјачо ни него многу не го разжалува.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Јас со страв погледнав во Марина, таа да не се разжали. Марина гледаше низ прозорецот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Можеби говорот на престарениот Симон Наконтик траел подолго отколку што Јаков Иконописец петпати ќе можел да се смири на јамката, и на слушателот му здодеало да завлегува во тајната на семоќната судбина па се свртел решен да го чисти патот од камења или, можеби, се разжалил над самиот себе и се расплакал или кажал и самиот нешто големо, умно, нешто што никогаш не било запишано во црковните книги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)