раздразнува (несв.)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сивото небо вон прозорецот беше близу, беше допирливо со рака. Раздразнуваше. Го копаше видот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Волкот продолжуваше дури и да раздразнува со тоа свое останување, со таа своја валкана предизвикувачка храброст, и со тоа свое тврдоглаво чекање кога - тогаш тој да му падне меѓу неговите секачи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веќе со месеци му става на детето некакви гнасни облоги со коишто му го раздразнува видот и предизвикува милосрдие кај минувачите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)