раздел (м.)
Но, јарчето сепак го дочека. Го чекаше сето време, додека тој во своите карпи го повлече вториот раздел од чкрапецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Подредувањето на „Две тишини“ во пет вокалски раздели е атак врз „зададената“ хетерогеност на оваа „Париска тетратка“ пишувана во март и април годинава во период кога на болеста која пустоши низ телото на поетот, ѝ се одѕива единствено песната која пустоши низ душата на поетот, собирајќи данок од премолченото, потиснуваното, недоизреченото, скриеното...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Татко, ослободен од стравот од непосредната опасност што демнеше пред неколку часа, да биде фатен и спроведен со семејството кон логорот Порто Романо, стануваше свесен за последиците на преселбата, во еден поголем временски раздел.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Црното млеко на ноќта Ми ја криеше раката Дигната високо, Превисоко, До патецот над челото на Мајка, На разделот на косите нејни Што сега ги плетам Сам во самица Самувајќи.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)