раздвоеност ж.

раздвоеност (ж.)

При таквата национална раздвоеност и при полното економско разорување бесмислени ќе станат секакви конференции, замешувања и реформи, зашто сите ќе водат кон еден дележ на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа таквата логика и го бараше објаснението на процесот или на движењето на природата, општеството и на самото човечко познание во една причина однадвор, го гледаше само механичкото дејство на стварите, идеите, тенденциите на општеството, природата, науката, уметноста, политиката итн. и тоа една врз друга, една по друга, но не и една од друга, не нивната раздвоеност и целокупност, туку само раздвоеноста, само идентичноста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Раздвоеноста помеѓу оној што гледа и виденото исчезнува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Единствено кога телото е така издиференцирано од останатите, сите проблеми опфатени со односот споеност/раздвоеност меѓу целосните личности можат да се разработат на вообичаен начин.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оваа физичка раздвоеност создава необична технологија во свирењето која звуците ги спојува на природен начин на кој се тие споени во полето, на улица, или во куќите и зградите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)