раздава несв.
раздавање ср.

раздава (несв.)

А што раздават вино и хлеб и манџи, това не дава закон.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Што ме гледаш? Не може, велам, повеќе вака, не ги наоѓам јас парите на буниште, за да ги раздавам на ајљази.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако е мртов, да може барем, за душа да раздава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мажот ти е мртов, велат, сметај го за мртов. Можеш и за душа негова да раздаваш, велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако јас немам право на имотот, велам, тие пет гробови уште имаат. Барем, до трите години, велам. Од него им раздавам за душа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од највисоко на најниско ќе падне, рекол, и вие ништо не ќе знаете за неа и за нејзина душа ќе раздавате, беше рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Продавачите оваа своја избрана стока не ја продаваат туку ја раздаваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зошто тој ги раздава своите портрети?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многумина разбраа дека таа ги раздава производите коишто ги купува, па постојано, без да ѝ кажат, ѝ правеа големи попусти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сите ја сисаат, а таа и понатаму дава и раздава.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Или да отвори приватни гробишта за миленици, со капела во кои би се пуштале пригодни песни за една таква, тажна пригода, на пример песнички во кои се велича верноста на песот и милозвучниот глас на папагалчето, и би се раздавале коски и мешани зрна со сипа за душа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таму по богослужбата седнуваа верниците и жените од накитените сапетки раздаваа за душа, за здравје и берикет; ја нема камбанаријата и камбаната виси на подгниена греда; на таванот го нема Пантократорот – Христос кој од горе со раширени раце бдееше и чуваше од лошо; го нема престолот и верниците ги нема...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги сакам кујните, а домовите просто ги препознавам по кујните, по мирисот што така несебично го раздаваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Доктор Сашко Кедев слегува од врвот на светот како жив доказ дека на храбриот му прилега и да е среќен и да раздава потем од својата среќа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Па, да раздава ќерка ми и на твојот гроб за задушница... еее!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За добрите денови - за црковни празници, именденови, крштевки и селски панаѓури, за гости и за праќање аскер и во туѓина, од чисто брашно, само пченично, се месеа погачи, кравајче, пред Велигден - леб наутлија и за в црква - прескури и пупчиња - жените им ги раздаваа на децата по завршената богослужба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)