разграни (св.)
Такво сопоставување може да има помеѓу првата, т.е. теоријата за населувањето на Балканскиот Полуостров од јужни Словени формирани во две народности строго разграничени во етнографски и географски однос и постепеното изменување на етнографската карта на Балканскиот Полуостров, од една страна, и процесот на современото национално обособување на Македонија од друга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Игро мудра, само таква биди, разгрни се сета богато надарена, и секогаш во животот иди од несекидневноста чиста и озарена.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само господарската живеалишна зграда, која не личеше на турска кула, извишена, туку повеќе прилегаше на разгранат манастирски конак, на приземје и кат, со визби, чардаци и многу соби, се урна набрзо по распуштањето на колективите, во средината на педесеттите години на веков.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Брус Стерлинг (Bruce Sterling): „Единствена можност за опстанок на субкултурите е во тоа тие да се распрснат, да се разгранат колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И така во ноќта на балканскиот покер во нашата стара куќа крај реката Татковата судбина се разграни во два правци: првин беше повикот на пријателството на Климент Камилски и потоа потрагата и откривањето на битолските кадиски списи, познати како сиџили, на кои им остана верен до крајот на својот живот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)