разгазува (несв.)
— „Ете ти го патот по кој можиш и ти, Сталко, да дојдиш до највисоката скала.. како отец Арсенија“, — си рече сам со умот Стале и започна да си го разгазува тој пат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Притоа не рекоа ништо и оној напред уште веднаш продолжи да разгазува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И,сега тој може да му одговори нему гласно и со намавнување, а потем бригадирот Језекил продолжува по разгазениот снег, со долгата пушка на повисокото рамо, додека тој во себе довикнува по него да излегува и тој понекогаш напред и да разгазува, да не го остави постојано да го цепи снегот само Претседателот, бидејќи тоа знае ѓаволски да измори.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Одвај го разгазувам, за да појдам до гробот од Ангелета.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Главнината ја расечува и по неа стотици нозе и копита ја разгазуваат росната трева.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)