развој м.
развоен прид.

развој (м.)

Но иако Хегел во својот систем многу подробно го разработи учењето на развојот на светот и општеството, сепак по однос на општествениот развој не беше доследен.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Основното учење на Хегеловата филозофија е тврдењето дека светот и општеството се во постојан развој и дека тој нивни развој е незадржлив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
А жеравите што пролетуваа кон југ претскажуваа развој на времето спротивно од Бојановите желби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веднаш потоа и Богомил Ѓузел со крајно изострено чуло, упатеност во проблемот и знаење, ни посочи цела гама проблеми сврзани со семантиката, развојот и филозофијата на говорот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Вода треба да има, вода треба да има достатно. Тоа го бараат културните потреби и брзиот стопански развој. Тогаш од каде нови извори на слатка вода?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој не е милионски град, но многу е бучав и распослан во должина од десетици километри, зашто со индустрискиот развој тој ги соединил во себе блиските и околните гратчиња и села.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ваквиот развој на Штудгард оставил посебни белези.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На 28. 2. 1870 година, со царски ферман од грчката Патријаршија беше издвоена една посебна верска јурисдикција - бугарската егзархија кон која, за да се заштитат од насилството од грчкото духовништво и за свој автономен духовен и културен развој, многу славјански општини се приклучија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А биохемиските експерименти на имунолошките реакции како и анализата на низовите на аминокиселините кај животните - јасно докажуваат дека најблиска сродност човекот има со шимпанзото и горилото од кои пред четири милиони години се разделиле и тргнале по свои патишта на развој.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ние постоиме од век и веков и имаме голема тенденција за понатамошен развој.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тоа што е последен не значи дека е безопасен и дека нема претензии за развој.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Натаму, татко ми сите општи проблеми на развојот, на движењето на сета ука од најразлични книги ја проверуваше низ искуството од природниот живот на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Времињата си минуваа, развојот нас сѐ повеќе нѐ оддалечуваше од нашите прапредци, но заедничкиот сон остануваше, никако луѓето да се ослободат засекогаш од него и кога најмалку очекуваат, заедничкиот сон ќе ги потсети луѓето на нивните блиски...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги прашав дали сакаат она што останало од нивниот однос да биде и понатаму детерминирано од овие форми, или пак повеќе сакаат да интервенираат и да влијаат на развојот на настаните - да определат како ќе се развива (она што останало од) нивниот однос на начин кој и на двајцата би им одговарал? 42 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа разговаравме за причините поради кои ги преферира токму овие правци на развој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа интересирање може да се доведе во врска со (како корозија) гадното абење на уметничкиот јазик, кое Дишан го признаваше откажувајќи се од „сликањето“, заплеткувајќи ги сѐ повеќе традиционалните конотации на уметничката постапка и стремејќи се кон (менталниот и оперативниот) постојан „развој“, од онаа страна на зачмаените и утешителни „суштини“ за „делото“ како објект.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одредени насоки на развој ја илустрираат промената кон електронскиот милениум.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сонот е активен учесник во психичкиот развој.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе