развод (м.)

Секој секого може да бакнува и на тој ден изневерата не може да се земе како причина за развод на бракот, ниту пак децата од „карневалот“ можат да се прогласат за вонбрачни...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Денес голем број тинејџери се принудени, поради економската криза и големиот број разводи на нивните родители, да ја преземат улогата на возрасните во семејството.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Им ја даваат лекарите отпусната листа и тие излегуваат надвор, но тој не оди со Марија дома, се одвојува од неа и оди право во суд и поднесува барање за развод.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Промискуитетот минуваше неказнето, разводот беше дозволен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно нашол некоја Германка, штом бара судски развод. Сигурно ќе се жени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Иако на моменти мислеше дека треба да постапи обратно - да не брза со разводот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не можеше да очекува дека судот во Германија ќе го одбие барањето на Хелвиг, за развод.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Партијата не дозволуваше разводи на бракови, но го охрабруваше разделувањето во случаи каде што нема деца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ТРЕТАТА ЖЕНА: А јас кога ќе се сетам, веднаш по разводот на мама и тате, ми беше интересно да заминам кај новата жена на тато, таа беше монденка, тенка и заводлива и сѐ ми ветуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој, при тоа, наместо да биде разочаран од најавениот развод, повторувал, Ох, пак даде Господ да ми почини душата!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едоставно ја зеде својата девојка, бруцошката што зборуваше со очите, и ја одведе во Градското собрание да ги подадат личните карти на шалтерот за бракови и разводи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Верата која му го покажува патот на разбирањето.  Претчувството е вид сеќавање бегство од заборавот развод од амнезијата обездомување.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Домаќинките ја обожаваа Кристл, и разбира се караа - врнеа по онаа ороспија Алексис, која ете неколку години после разводот, повторно се појавува за да им го загорчи животот на Карингтонови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А држењето за раце, рече тој, е многу полошо од која и да било друга причина за развод.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека била бебе, станала жртва на разводот меѓу родителите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
По разводот го откачија и децата. Беше осамен, затворен, со длабока предумисла во односите со колегите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама, мене ми е петто доаѓање, веќе направив и преписка со таинствената дама која, меѓу другото, по разводот кој ми го факсираше, се омажила за познат српски актер, па така многу лесно ја пронајдов.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Разводот го заврши младата адвокатка и побрза да се омажи за да роди едно прекрасно суштество.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)