развласти (св.)
На ова место анализите ни се вкрстуваат и влеваат во заедничко уверување: ние зборуваме на крајот, во последната етапа на лажно вдахновение на критичката свест, чии последни импулси можат да се спасат само под услов фрагментарно да се развластат, прецизно да се локализираат и формално да се дисциплинираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Психотопонимите подвлекувај ги
флуоресцентно и со паузи
земи бриз од душата, вишокот од неа
земи го, те молам
клучот одложи го за полоши времиња. Развласти го.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сопствениците, во најголем број поранешни италијански трговци, сопственици на бродови, ресторани, хотели, јавни куќи и мали индустриски фирми, народната власт ги развласти и ги протера.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)