разбушавен прид.

разбушавен (прид.)

Неколку жени возбудено се веднеа, се удираа по глави, шепотеа - неспокојни, разбушавени, збунети; беа собрани околу некого што лежеше наземи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од еднокрилното прозорче на Димковата куќа се појави разбушавената глава на глувиот Адам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш од автомобилот се појави разбушавената глава на Баждара, црна, зла, со модри пламеничиња во пропаднатите очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега чинам Францељ, ти мислеше поинаку кога нѐ веселеше нас: барем уште еднаш со Минца да минете по зрелиот разбушавен клас.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Невидливите гавраништа, разбушавени црни старци со злобни челични очи, закрескаа од негде.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во алиштата искинати – испарталавени, речиси голи, со изгорени градници и плеќи, неизбричени, нестрижени, разбушавени, неизмиени, испиени во лицата, пропаднати во очите, бетер и од најслабата крава или магаре.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Се готвел однапред“ - вели претседателот и го измерува Глигора од нозете до разбушавената коса.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таму зад чалмата на кадијата се покажува само главата со русите разбушавени веѓи и ситните мижливи очи на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога го позна оти е тој, стана сета разбушавена, заплашена и уплакана. , — Шо сторите, бре, јок да се сторите, баби ниедни? — му се врекна на Јована и тргна да излегува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неизбричен, со разбушавена коса, ми се стори одеднаш стар, како да не беше нашиот татко.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Вели: „Нам, на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана“ , велеше Лазор Ночески и запре возот, штракнаа катанците, штрангите, се отвори вагонот и се рашири некоја светлина што се турна во вагонот што се бувна во нас и што после тргна по нас, и нѐ загледува така - гурелави, со пострупени клепки и усти, потечени под очите, со потргнати образи, обесени, разбушавени и со сламки, со осилки во косата, со кучешки болви; нѐ тераат војници, небаре метилави овци, пропрснати и со подмакани слабини, ни тропаат коските, војникот што ни отвори 119
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сме застанале пред него ко чуми: разбушавени и растрбушени, не ни се познава и лицето, сликата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А оти да умрам разбушавен, вели Лазор Рогожаров и си го растерува патецот надесно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Главите им се уште запалени, разбушавени, а тие се држат како ништо да не било, како никој да немало...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така говореа а јас ги слушав и се грчев во разбушавени магли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше како некоја погребна процесија. Но бесна процесија, во трк, со разбушавена коса, што подвриснува, настрвена кон север на некаква си церемонија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Му се стори како да ја гледа сликата на Лондон, онака простран и урнисан, град на милиони канти за отпадоци, измешана со сликата на г-ѓа Парсонс, жената со збрчкано лице и со разбушавена кадрава коса, како безнадежно се мачи со затнатиот одвод за ѓубре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една безбојна, измачена жена, со разбушавена коса и со испиено лице, стоеше пред вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од некоја причина Винстон ненадејно помисли на г-ѓа Парсонс, со нејзината разбушавена коса и со правот во превоите на лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе