разбуричкан (прид.)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сега дождот им ги полни седалките; цивкаат преплашено и трчаат безглаво под разбуричканите ќерамиди. Насетуваат што се случува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Потоа, зачуден од маглата што паѓала врз разбуричканоста околу него, од тишината и од ослободувањето на земјата од сенки, заринкал со лице во земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не, никако не било во прашање неовоземно чудо, како што можело да се претпостави со делче на пулсирањето во разбуричканата свест.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)