разбој (м.)

Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Оти, не за бадијала мариовките велат „разбој — разбола", а „вурка прошетка".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во предниот земник обично е разбојот и по некоја крбла, каче, ковчеже со разни ситнарии: цевки, предена кадели, пласти и секаков „абур — џубур".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
кркми — шишки од косата над очи; крла — едвај оди, се крлеба отколк-наколк; крмуз — боја за вапсување ѓувезно; кросно — направа на разбој; крпен живот — во пренесена слика. Живот со втора жена; кршобарец — мариовец кршобарец
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во една соба, која одделно стоеше во дворот имаше стар дрвен разбој и јас по цели часови ѝ досаѓав на тетка Рајна со прашања за тоа како се вика секој дел од разбојот и како се ткае.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пусто нека остане, си велам, вели, и веленце и разбој и кросно и брдила.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми чкрипи разбојот, вели, ги провирам малките меѓу основата во брдата, и како ќе чкрипнам со чкрипците, така ќе ми се скине јатокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И земам го растурам разбојот. Имав еден ложник клаено за ткаење ама одам ја кинам основата, ги истргувам повраталките, го вадам кросното, фрлам, чкрипци, ништи, малки и брдила, ги урнувам демите, ги клоцам подношките, сѐ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тој миг Големата вода личи на некој огромен разбој што полека, бесшумно, чудесно ткае.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега гледам дека тоа и не е важно – разбојот, без или со мене, така ја ткаеше приказната... ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Разбојот што ткае Црната нишка (Молитвата твоја) Твојата воздишка Мајко моја. минато Желбата? Гранка сува.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Комбинацијата на автопати на податоци и проширена телевизија неизбежно ќе доведе до враќање на селската индустрија во форма на виртуелни разбои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нема ништо за тоа како ѝ е таму, туку наместо тоа тирада за животот воопшто дека ти е како совалката во разбојот додека се ткае, те турка низ конците на деновите еднаш наваму еднаш натаму како што често знае да каже мајката Роса, ама каде е таа, Пелагија, во тој разбој, не кажува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Земанек одеше мирно кон тоалетот, а јас застанав до разбојот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше една сцена на еден разбој, во гимнастичката сала; можеби бевме во втора, можеби во трета година; тој, со измама дојде на местото на Земанек, кој требаше да ни помага нам, на девојчињата, да се качиме на разбојот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми стана јасно дека тој немал сила да ми каже дека ја сонува Луција на ист начин како и јас, дека копнеел по нека, дека онојпат, на разбојот, ми го препуштил првенството, небаре е христијански духовник.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А јас ломотам, ломотам... И кога ќе се зафатиш со зборување може да се случи нишките од основата да ти испопукаат па разбојот ќе ги замрси конците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пловидба којзнае дали корените на флората се изворите на езерото дали билките ткаат космички страсти во твоите очи или на разбој дали се опоравува љубовта кога едриме дали сме тоа ние изненадени од гостопримството на сонцето дали преоѓаме еден во друг и гинеме ли изненадени не се креваат облаците и нискиот притисок со небото од исти работи боледуваме никогаш нема да го разбереме знакот на пловидбата будни како извори носиме студена струја струја.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека дождовните капки патуваа кон земјата, формираа широка основа на огромен разбој за ткаење кој ткаеше бескрајно и проѕирно перде, а постојното тропање што дождот го правеше беше како тропањето на разбојот кога ткае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе