разбирлив (прид.)
Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ако не сум разбиралив (нема причини да не сум разбирлив), ќе објаснам зошто...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таквите ноќи се разбирливи и привлечни за вљубените и за изнасилените поети. И за астрономите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Очите се покоруваат на тој напор и не гледаат туку мислат: невозможното преплетување оформува полека одредености разбирливи за сите сетила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Особено кажувањата за животот беа силни, чисти, раскажани со разбирлив, близок јазик, веднаш во душата да ти се всади болка за оние за кои се говореше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дури иако не наполно разбирлив, не барем за сите, и сепак со злокобно значење во себе, како да беше опасно да се држи под јазик, брзо се искплукуваше; секако, сеедно што за некои дојде привлечен и нов, ги присилуваше со магиска закана во себе да бегаат од него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако не сум разбирлив ( нема причина да не сум разбирлив), ќе објаснам зошто ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не можел да стане јасен, разбирлив, можел да ги трогне со библиска можност за воскресот на сите мртви пред кои живите ќе клечат и во безумен уплав ќе молат да им бидат простени гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подоцна, не веќе во безумен очај како пред доаѓањето, Онисифор Проказник се обидел да дознае зошто човекот со остра коса носи под кожувот лита мантија што се тутка во прешироки беневреци но пред тоа мислел дека неговата словенољубивост подмолно се пресметала со едно попче што не сакало или не умеело во манастирот да пее на разбирлив јазик пред да се џембоса претепан и по гаќи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа е мошне разбирлив пристап, но сега ние живееме во ера кога поимот текст се менува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој всушност многу разбирлив комуникациски систем е доктрината на популизмот, или, во подобар случај - доктрината на академизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Или ако сакате - бирократизираниот уметник станува манијакален трагач по извесна СОЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ; вредност која иницира нов синџир на опсесивности потхранувани од еден многу разбирлив комуникациски систем што нуди прифатливи за мнозинството играрии во сферите на политичкото.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Типично, локалните политичари и бирократи ги притискаат да прикажуваат „лесно разбирливи слики”, попрво фигуративни творби во јапонски стил одошто непопуларна авангарда или Pop art.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тој тренд во микроелектрониката сосема е разбирлив и значаен, но никако не би смеел да доведе до повторно униформирање.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Новоговорот беше базиран врз англискиот јазик, онаков каков што го знаеме сега, иако многу од новоговорните реченици, дури и кога не содржеа новосоздадени зборови, би биле одвај разбирливи за човек што го говори денешниот англиски јазик.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Макар што му беше чуден и не толку разбирлив стилот на Горски, сепак Дримски покажуваше барем навидум особена доза на внимание додека го слушаше како зборува: - Историјата не нѐ милувала многу во минатото, но, и географијата не ни била дарежлива.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)