радијатор (м.)
Благица го бараше секаде - зад радијаторот, под фотелјите, но напразно.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Возбуден од топлината почнувам да се тискам врз топлиот радијатор и убаво ми е зашто сум на пат да свршам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Не само тоа. Тие можеби виделе и како сум го клецкал радијаторот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Толку сум намрштен што е доволно само да се поместам врз радијаторот, но не се поместувам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Онаа што го љубеше стоеше покрај прозорецот во кујната, со колковите залепена за топлиот радијатор.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Рацете со лисици му беа врзани за радијатор што не работи.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Стана од креветот и извади едно ребро од радијаторот. Од него направи жена.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Само го попуштија вентилот на парното, а тој летна во воздух и врелата, валкана вода од радијаторот плисна до плафонот!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)