раат (прил.)
На млади години измачувачка, под старост раат ќе биде.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Кој немал пари секогаш бил раат, а кој ги има: ништо да не му е, сам ќе дума и лоши соништа ќе сонува.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
По тој пат вела Јован дошол и до бела Бојана за која Колобан, ете, го пизми и раат е оти тој сега не е тука.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– Их, што си бевме раат досега, бесот да ги фати, што ни го расипаа – почнаа да се жалат старците што останаа со попот и ќефалијата. Тие знаеја што значи Турчин.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе најда место и ќе дојда, ќе те зема. Биди раат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еда откако ме крдиса и спав рает, еда, не пристанував ноќта, не ме повтори уплавот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Е сега, зошто не научил баш сѐ, па може на раат да помине одличен, а не да се бори да поправи некоја оценка “во пет до дванаесет”, како што вели татко ми, не знам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Hiq inatin,gjej rehatin! (Без инат, си раат!)
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Goja kapak, truri rahat! (На устата капак, умот раат!)
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја оставаме раат и се повлекуваме во својот стан, блиндирајќи ги сите можни отвори - бидејќи до доцна во ноќта гледаме филмови, а не би сакале Џун да ни викне полиција поради тие арачиновски експлозии што допираат од нашите звучници.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ние имаме, во банкарски жаргон, „кредитна историја“, што значи земаш, па почнуваш да враќаш, прво уредно, па потоа со мало доцнење, па доцниш 90 дена и потоа добиваш нов, со кој го затвораш стариот и раат си.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Спиралата е за никој да не е раат. Да се лапне сета енергија до реалното.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А дедото додаде: „И волкот сит и овците на број“, што на него му значеше дека ќерка му раат ќе си лежи на патологија, а мажиштево од зет, ете, со нивниот благослов и пари ќе може да си ја задоволи страста.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мувата спие во детската соба, ти си раат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Одамна те следат? Мислам тука ти имаш цел гардиски центар... зарем никогаш не ти ја претресувале куќата? - Не никогаш. По тоа прашање си спијам раат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
АМБАРОТ АКО ТИ ТЕЖИ - РААТ ДА СИ! Ќе има лебец и за софрата твоја, и за в питачка торба! ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)