пцост ж.

пцост (ж.)

Шушкајќи нешто низ брадата, пцоста или молитва, го зврте неколкупати околу себе како да бара место кај да го фрли но сепак не го тресна од земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледајќи ги луѓето- гаврани со своите уморни очи, навлажени со солзи, од старост или од жал, тој одеше пред полицаецот и свиткан под тежината на животните неволи ги шепотеше молитвите на своите пцости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога го видоа кој бил — му се фрлија со најразлични селски пцости — Не јади трици, бре пес!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ха, не песна, пцост, крвава пцост и јама на чело. И плач на ветар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Охрабрени од нивното восхитување, подофицерот везе пцости непознати на тројцата партизани, везе со страст на мома занесена во ѓерѓев што ѝ открива нејасен, само претчувствуван свет неверојатно важен за нејзиниот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сеедно, сега знаеше дека тие селани живееле како што живеел библискиот посник. на црн леб и вода, со сурови молитви и сурови пцости за суровиот бог. Леб и вода.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа во нивните грла клокотеа лути пцости.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Настана детска пискотница, старски молби, плачки, пцости, физички напади и расправии, но откаде паднаа неколку старци од јатаганите на семејните, децата беа собрани и со кадијата на чело, одведени и затворени во еден конак, а старците си заплакаа и си отидоа во своите села да им ја однесат тажната новина на мајките и татковците од пленетите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се измори. Кога ја плисна последната капка од познатите пцости, едниот рече: „Си напаѓал луѓе. Тоа е.“ Не издржа. „Оние бројки - луѓе!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѝ пријде со непознати чекори, тромаво, несигурно и го осети под своите дланки трепетот на сувите, подвиткани раменици. „Сеедно, Марија. Сега бегај. И за помалку од ова стрелаат.“ И сега со лути пцости во влажните очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пет крвави искри на пет зглоба и пет пцости на сувите, набабрени усни, со пет именки во црно завиткани - бог, и природа, и мајка, и смолара, и сопственото семе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На мајсторите им пречеше тоа негово заостанување и тие некое време го поземаа постојано подвикнувајќи кон него секакви шеги, а многу често и пцости.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се бараа здрави, пргави луѓе, никој не го прашуваше зашто и тој не е таков, бргу дојде време кога можеа само да му довикнуваат боцкави шеги и пцости, тој им пречеше ним.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сѐ како да почнуваше одново, љубовта, омразата, вистината, лагата, клетвата, молитвата, добрината, пцостите...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- А од горе дојде еден куц и со викотници и пцости почна да ги растерува од џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- А зошто, бре, неранимајко, - трас - се слушна шлаканица и пцост - те прашувам тебе, никаквецу, си ги замрзнал децава, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На филолошкото безумство умните луѓе одговараат со смеа и презир, а на политичкото шарлатанство ние одговараме со негодување и пцости: бугарскиот народ нема друго оружје.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имам пушка в раце и можам да пукам. Веќе ничија вера не ќе поганиш со пцости.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пцостите му биле црни, искитени со отровни боцки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе