пцовка (ж.)
Викаш: „Ура!“ Или само мрмориш некои пцовки што ти идат сами на уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Клетви и пцовки се вртат околу црвот на стравот со надеж дека ќе може да го завие или истисне од себе за да направи пат да се појави тој непрокопсаник, нејзиниот Костадин.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таму неволно ме испрати одвај чујна и здржана пцовка.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
- За инцидент е лесна работа. - Доволни се две три пцовки кон спротивниот табор и забавата може да почне - му дофрли Пудлицата.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
ПРОКЛЕТНИЦИ, КЛЕТНИЦИ, КЛЕТИ на јарбол, во црн превез свиена клопка со животна идила црн превез со проѕирни букви покривач со јадни пцовки ја остава во минатото небиднината со срце поцврсто од камен чекор по чекор ја совладувам иднината...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Пцости, хрчење, тешко дишење, глуво удирање со тупаници, писок, топло лизгање на ножот по коската, чад - пламен - светлина, мирис на крв, газење по мртво тело, откината рака, пресечен грклан, издупчени гради, болка, крв, штик на штик, нож на нож, цевка на цевка, оган - нож, пцовки, молба, молскавици, крв-крв- крв...мрак - мрак...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не слуша истрели, само гласови и пцовки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Видливо беше дека таа сакаше да ја ублажи горчината врз која падна молк и по некоја пцовка заедно со нечиста плунка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)