пцовиса (св.)
Ете шо направи и нам и за себе ќе си а сторе негде липата, ја некој аероплани ќе го смачкаат негде. Море за леб ќе пцовиса, та остави друго!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Што рика рикаше дивината сетната волчица пцоиса по голините не ќе се природи волче!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Извикнува од отворот на подот мртовечкото лице на Павле и со удавеничко поматени очи гледа на Арсо. - Фати ја рачката, слушаш ли, Арсо, пцовисавме!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кон таму сега повеќе нема да може да заскита ниедна твоја мисла, макар и да пцовисаш од глад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Коњот живееше во Задругата само тоа лето. Беше нивниот најдобар задружен коњ, но некој го претера и тој пцовиса, превивајќи се брефтајќи и со подуен стомак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нека пцовисаат до еден зимоска од студ и глад — им зборуваше Бахтијар на бимбашиите кога ги испраќаше на зимување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Фрлаа луѓето на нив сѐ што ќе најдеа: врела вода, жива вар, пепел, сода; им ги чадеа патиштата со слама, со папрат, со лепешки, со козина, со ќуќур; едни пцовисуваа, а други пристигнуваа; ги имаше од сите погании: црни, жолти, кафеави, со големи глави, со големи нозе, со крилја, без крилја, со крст на грбот или без крст.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога пцовисуваше добитокот, и нему срцето му се корнеше, му идеше да плаче.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Едната, на која ѝ пцовисало кучето, постојано плачела, па еден ден нејзината пријателка ѝ рекла: - Што плачеш толку!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не ти се случило ништо особено, ти пцовиса само едно куче!...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И да ти пцовиса неко живинче, немаш сода сапун да го направиш. Да се замиеш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кучето може и да пцовиса од жал за тебе, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ами кучето не било пцовисано, му велам, не било пцовисано за да оживи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога коњот пцовиса, Дукле офна: - Ах, што ќе правиме... Ни отиде коњот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За нив, за грабливиците, кога ќе пцојсаше некој скот, така речи приредуваа вистински гозби.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А беше безнадежен случај, што се вели, ко слепо куче оставено да пцовиса.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Шумите се сушеле. Дивите магариња паѓале заедно со зашеметените муви. И пцовисувале.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да не им е зададено да идат по нас, како мршари по добиток што пцовисува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се заделил, ко пес пред пцовисување, и уста не отвора.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од старост или од жал по стопанот, во една ноќ пцовиса и Благоевото куче Клисар, а ќерка му, сипаничавата Савка, се омажи во своите триесет и две години за еден вдовец со пет деца, во некое село, чинам, Челопек.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)