пунџа (ж.)
Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ликовите се тиха језа – фризури ко Марџ Симпсон, дугачка брада сплетена у пунџа, гајтан веѓи ала Брежњев, бркови врзани у лептир машна позади уши, Амиши со страшно рунтави бакембарди...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
А сваќите? Ним пунџите со „шестици“, за жал, не им издржаа, многу жестоко се „танца“ тоа оро „Циганчица“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)