псовка (ж.)
— Аман ага, аман пашум, аман татче, — пиштеа обесените, клоцаа мавтаа со рацете на кои им беа слободни, псуеја најпосле: живи, мртви, вера закон но ниту молбите помогнаа, ниту псовките и заканувањата ги заплашија инквизиторите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ѓиди маскара, ѓиди, — им се обрна Арслан на старците и им удри и тој по еден камшик преку очи, плукајќи секого в лице и псуејќи со најгнасни псовки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Неколку минути штама, потоа низ зидовите допираат Фјодоровите псовки, па шумот на минијатурниот клозетски водопад.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)