пружина (ж.)
На темната пружина вечерва не мирува едно движење.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
На креветот немаше чаршафи, но ќебето на кое лежеа беше излитено и меко, а големината и еластичноста на пружината ги изненади обајцата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како стана, така се поткрена и пружината на креветот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тој мирно си лежеше во креветот слушајќи си го срцето како му чука и како спиралата на пружината на креветот вибрира како одговор на неговото срце.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во воз сум кој изгледа како да е од повоена Русија, седиштата од чија утроба ѕиркаат потемнети сунѓери и зарѓани пружини, прозорци кои не се сеќаваат кога последен пат биле отворени, реа на мочка (купето е изгледа блиску до ВЦ-то), и завеси со кириличен акроним, тромави од насобраната прашина.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Но, кога сме веќе кај креветот, те молам тоа да биде француско легло, сѐ уште ја чувствувам пружината на оној твој кревет во Скопје.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ова е лежиште за фишекот, а ова се вика главен отворач, кој е составен од игла и ударна пружина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Крцкаат пружините, а таа се стресува и и се присторува дека тука близу слуша рафали...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)