пројаде (св.)
Зашто, да речеме, да пцовисаш во кауш со исцедена крв или пројаден од отров?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кај колковите, на бутчињата, гледам сета се ишарала. Небаре коприви да ја журкале. Ме пројаде јанѕа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Абре, аман“, рече едно време, „многу камења излегуваат!“ Мене ме пројаде јанѕа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тие денови, средината на септември, кога Методија веќе разбрал што се случило, дека Симон е уапсен и зошто е уапсен, подработувајќи на гробот на Борко на завршните работи, како што велеше тој, го пројала мислата за она што го открил Симон и тргнал да го види со очи самото место спроти долнечките гробишта.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)