прочисти св.

прочисти (св.)

Кај него таа е обновена, прочистена од грубите милувања на морнарите од трговските бродови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нашата молитва ќе ни ја прочисти душата, вели, и ќе нѐ спаси од сите красти и болести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се прочистив, повторно сум љубопитен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повторно сум во летната, утринска вода на морето, прочистена од валканите отпадоци на надворешниот свет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Задачата на поетите е тој национален гениј да го одбранат од суптилното продирање на странските идеи, да го прочистат јазикот заменувајќи ги германските зборови со латинско потекло со други, чисто германски изрази, да ја откопаат затрупаната ризница со народни песни и, на крајот, во својата поетска работа, да тргнат по примерот на фолклорот, таа состојба на свежина, невиност и совршенство каде што индивидуалитетот на народот е сѐ уште неосквернат со било какви допири и се манифестира со едногласие.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа се, имено, неговите „хумусни клозети“; Фекалиите од ВЦ-то можат да се користат како гноиво за парковите и градините, а отпадните води, кои со специјален систем би се пропуштале од врвот до дното на замислениот облакодер, во приземјето би доаѓале значително прочистени.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Улогата на драмата била на гледачот да му понуди катарза. Катарза значи „прочистување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како резултат на реториката на Студената војна и трката во вооружување Мецгер ги прочистува дијалектичките аспекти на својата теорија проширувајќи ја Авто-Деструкциската уметност во Авто-Креативна уметност и брусејќи ѝ ја идеолошката димензија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од таквото „тотално прочистување” не гледам голема корист, бидејќи изолираноста на тие поединци не може да придонесе за размена на жива информација и комуникација во идеи. Маргина 36 125
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како некакво тотално прочистување, аскеза речиси, при што почисто ќе се лоцираат оние пар ентузијасти („фрикови, особењаци, откачени”) коишто се токму некакви столбови на духовност на оваа инаку моронска социјална градба?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Само така ќе имаме прочистен, единствен народ, кој уште поуспешно ќе го води нашата партија кон нови победи на чело со нашиот Водач.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
При секое отворање на вратата воздухот по малку се прочистуваше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се зборува за национален отпад и се бараат расни прочистувања и стрелање на противникот како идеолошка хигиена.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потребно е да се изгради филтер - станица за прочиствување на овие води, ама нема средства, иако има изработен проект.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Шегата била одличен лаксатив. Најбрзо и најефикасно ги прочистувала депресивните канали.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Виде дека има трема оти воопшто не ја погледна в очи, туку си ги кршеше прстите и со некоја полукашлица си го прочистуваше грлото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сѐ уште расположен заради топлиот прием на христијаните таму и возбуден по седумте дена поминати во церемонии на прочистување во храмот, беше навистина изненаден од бесот на толпата со која се соочи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Си го прочистувал грлото, така ги подучувале в Белград, на Конзерваториумот, а мене морници ме полазуваа од можните последици поради ваквата недисциплина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе